вторник, 2. март 2021. Вести денес: 173
home Познати

Овој скандал речиси го уништи нивниот брак, а денес се однесуваат како ништо да не се случило

Овој скандал речиси го уништи нивниот брак, а денес се однесуваат како ништо да не се случило

Пејачот Џастин Тимберлејк и актерката Џесика Бил го добија своето второ дете, но очигледно колку што им е голема среќата, толку им се силни и проблемите. Ја криеја и бременоста на актерката само додека да заврши скандалот кој одекна во светот.

Тие не се фотографирани заедно во јавноста од март минатата година, а се верува дека цело време престојуваат во нивниот дом во Монтана. На социјалните мрежи споделија само неколку заеднички фотографии.

Сè се случи по наводната врска на  Џастин со 31-годишната актерка Алиша Вејнрајт, со која беше снимен за време на ноќното излегување во Њу Орлеанс пред осум месеци кога снимаа заедно филм во кој играат љубовници.

На фотографиите, тој ја допира актерката за коленото и ја држи за рака, а очевидците изјавија дека тој не носел бурма.

Како што изјавија очевидци, тие двајца беа многу блиски иако Џастин е во брак со убавата Џесика.

Две недели подоцна, пејачот испрати јавно извинување на својата сопруга преку социјалните мрежи.

„Јас избегнувам озборувања колку што можам, но мислам дека е важно за моето семејство да се изјаснам за неодамнешните гласини кои им нанесоа штета на луѓето кои ги сакам. Пред неколку недели направив голема грешка во проценката, но да бидам јасен, меѓу мене и мојата колешка ништо не се случи “, рече тогаш Џастин.

Џесика никогаш јавно не ја коментирала ситуацијата, исто како другата жена. Изгледа му е простено на Џастин.

Дали бебето е тоа што повторно ги сплоти? Сигурно! Но, денес тие се однесуваат како ништо да не се случило иако скандалот не е заборавен од фановите и антифановите.

Коронавирус