недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Овој фудбалер на „Црвена ѕвезда“ е новото момче на Катарина Грујиќ

Овој фудбалер на „Црвена ѕвезда“ е новото момче на Катарина Грујиќ

Атрактивната пејачка Катарина Грујиќ пред неколку недели започнала врска со фудбалерот на „Црвена ѕвезда“, Марко Гобељиќ, пишува блиц.рс

„Каќа и Гобељ се знаат неколку години преку заеднички пријатели и се сретнуваа на прослави, меѓутоа никогаш не помислија дека меѓу нив може да се случи љубов. Неодамна седеа заедно во друштво и зборуваа за разни теми, а меѓу нив се појавија симпатии. Подоцна започнаа интезивно да се допишуваат, пријателски, а потоа сфатија дека имаат емоции еден кон друг. Заминаа на вечера по која започнаа врска. Тоа се случи неодамна“, вели извор и додава:

„Бидејќи се на почеток од врска, тие одлучија да не зборуваат  за тоа во јавност . Свесни се дека и двајцата се познати, па сакаат да ги избегнат медиумски шпекулации за нивниот однос. Нивните пријатели се среќни што конечно ги покажаа емоциите еден кон друг, а сите коментираат дека се еден од најзгодните парови. Двајцата се пресреќни, не ја тргнуваат насмевката од лице, а она што е најважно е што се подрржуват и кога е кариерата во прашање“.

Потсетуваме, Катарина неодамна во емисијата „Премиера викенд специјал“ потврди дека има некој нов во нејзиниот живот, не сакаше да открива за кого станува збор.

Коронавирус