сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 87
home Познати

Овој 4 мај не е кобен само за Вучиќ: Македонија низ историјата загуби многу личности на овој датум, особено оваа пејачка (ФОТО)

Овој 4 мај не е кобен само за Вучиќ: Македонија низ историјата загуби многу личности на овој датум, особено оваа пејачка (ФОТО)

Македонската јавност денеска остана во неверување по веста дека на 65 годишна возраст од коронавирус почина македонскиот музичар, автор и телевизиски водител Драган Вучиќ.

Тој почина на Инфективната клиника во Скопје каде бил примен пред неколку денови поради компликации со вирусот.

Според медиумите и неговата сопруга е позитивна на вирусот.

Тој ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.

Вучиќ инаку почина на датумот кој е врежан во меморијата на територијата на поранешната Југославија кога во 1980 почина Јосип Броз Тито.

На 4 мај во 2001 година почина и македонската легендарна пејача на народна музика Васка Илиева.

Таа е доајен на македонската народна песна и еден од најпознатите македонски изведувачи на народна музика.

Почина на 77 годишна возраст оставајќи зад себе богато културно и духовно наследство.

На денеш ден починаа и револуционерите Гоце Делчев во 1903-та година и Пере Тошев во 1912 година.

Коронавирус