петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 151
home Познати

Овие зборови на Марина Туцаковиќ која пред 11 години го пронајде синот мртов ќе ве натераат на солзи: Влегов во неговата соба и имаше што да видам…

Овие зборови на Марина Туцаковиќ која пред 11 години го пронајде синот мртов ќе ве натераат на солзи: Влегов во неговата соба и имаше што да видам…

Марина Туцаковиќ пред 11 години на 1 декември го загуби синот Милош Радуловиќ. Милош текстописецот Туцаковиќ го пронајде мртов во семејната куќа во центарот на Белград, а погребан беше три дена подоцна.

Синот на Марина и Александар Футе Радуловиќ почина ненадејно, а се до лани Марина не откриваше детали за јавноста.

-Влегов во неговата соба и начекав тоа што начекав… Тогаш Милош имаше 24 години. Први декември беше денот… од секогаш имав страв дека нешто ќе му се случи. Ви оди детето на екскурзија па имате страв дека нешто ќе му се случи. Секогаш имате страв за личностите кои ги сакате, изјави Марина минатата година.

Таа додава дека најинтересното било дека тој таа ноќ бил толку весел, толку многу се смееле и не можела навистина да има лошо пречувство.

-Милош едноставно не се разбуди, а прстите му беа модри. Попладнето беше здрав и прав и се беше нормално. Стана да пие вода и ми рече да го разбудам после четири часот за да иде на фризер, а потоа вечерта и во диско. Меѓутоа кога влегов во соба за да го разбудам тој не се будеше. Не знам што се случило… не знам дали има нешто пострашно од тоа кога ќе го видите своето дете како не се поместува и лежи во кревет, раскажува Марина.

Таа во оваа емисија раскажа и дека никогаш не сакала да ги види резултатите од обдукцијата бидејќи тоа не и е битно.

Коронавирус