Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ неодамна се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, што изненади многу фанови.
Лука Дончиќ веќе извесно време е еден од најуспешните кошаркари, а среќата му цвета и во љубовниот живот. Негов најголем поддржувач е словенечката инфлуенсерка Анамарија Голтеш.
Тие се венчаа пред две години.
View this post on Instagram
Лука и Анамарија ја започнаа врската во 2016 година, а се запознаа на островот Крк.
„Ја запознав во Хрватска, во истиот камп каде што одам и сега. Ја запознав кога имавме 11 години – не знам, така нешто“, рече Лука еднаш во емисијата „Хедлајнери со Рејчел Николс“.
Дончиќ ја запроси Анамарија на 7.7.2023 година, што е симболично, бидејќи Лука го носи бројот 77 на својот дрес.
Двојката ја чуваше бременоста во тајност, а веста ја открија на социјалните мрежи.
Тие открија и дека на својата ќерка и го дале името Габриела, а споделија и фотографија на која се држат за раце на своето девојче. Нивната ќерка го прослави својот прв роденден во ноември минатата година.
View this post on Instagram
Популарна на социјалните мрежи
Сопругата на Лука е многу популарна на социјалните мрежи каде ја следат 243,000 луѓе. Често споделува моменти од приватниот живот.
Лејкерси и Маверикс ја изненадија јавноста на почетокот на февруари кога објавија дека завршиле трејд со кој Дончиќ е испратен во Лос Анџелес.
Дончиќ влезе во НБА во 2018 година и брзо стана еден од најуспешните кошаркари.