петок, 30. септември 2022. Вести денес: 44
home Познати

Оваа славна убавица има 64 години, нема да верувате како изгледа (ФОТО)

Убавата Кристи секогаш истакнува дека за нејзиниот добар изглед се заслужни здравиот начин на живот, добрата исхрана, сон и позитивниот животен став.
Оваа славна убавица има 64 години, нема да верувате како изгледа (ФОТО)

Супермоделот од 80-тите, Кристи Бринкли, го прославила својот 64-ти роденден во друштво на семејството и пријателите во луксузен стан во Менхетен.

Русокосата убавица и понатаму освојува со безвременската убавина, а на нејзиниот изглед ѝ завидуваат и двојно помлади дами.

Некогашната манекенка и супермодел, како и секогаш, и за оваа прилика била одлично облечена. Бринкли блескала во светкав комбинезон на Стела Мекартни кој ја истакнал нејзината витка фигура.

Убавата Кристи секогаш истакнува дека за нејзиниот добар изглед се заслужни здравиот начин на живот, добрата исхрана, сон и позитивниот животен став.

Исто така, таа не крие дека се подложила на неколку третмани за подмладување, но неодамна открила која е вистинската причина за нејзиниот младешки изглед.

-Мојата фонтана на младоста. Тие ме одржуваат млада во срцето, напишала славеничката под фотографијата на своите три деца, 32-годишната ќерка Алекса Реј, 22-годишниот син Џек и 19-годишниот Сејлор Лием кој најмногу и наликува на неа.

 

Судејќи по фотографиите, Бринкли одлично се забавувала, уживајќи во добрата храна, пијалоците и атмосферата, а потоа одржала и говор.

Најнови вести

Коронавирус