недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Познати

Оваа куса реченица му го променила животот на подобро: Моќен совет на Ричард Гир, одамна го откри и многумина го послушаа

Оваа куса реченица му го променила животот на подобро: Моќен совет на Ричард Гир, одамна го откри и многумина го послушаа

Славниот актер, Ричард Гир открил како му успевало од секоја ситуација да излезе како победник и да не им дозволува на негативните емоции да го совладаат, а сето тоа со помош на една реченица.

-Постои моќна вежба, многу едноставна, која почнав да ја користам пред многу, многу години. Кога и да сретнам некого на пат, човек или инсект, првата мисла која му ја упатувам е :„Ти посaкувам среќа“. Оваа идеја во целост менува сè што се случува помеѓу вас и таа личност.  Го говорам тоа од лично искуство. Понекогаш е многу тешко кога ќе сретнете непријател или кога ќе се најдете лице во лице со неочекувано тешка ситуација, одамна изјави актерот.

Тој  тогаш додаде дека ова е многу корисна мисла која ве учи да не допуштате да ве совладаат негативните емоции и имате прилика да создадете простор околу себе.

-Штом ќе почуствуваш како се појавуваат негативни емоции и пред да превземат контрола над тебе, имаш време да ги пренасочиш. Ги гледаш работите какви што се. Лутината која доаѓа од мене, незнаењето од моја страна. Пренасочете го тоа, пуштете го, претворете го во љубов и кажете: „Ти посакувам среќа“. Пробајте и видете како се во вашиот живот ќе се промени, истакна уште пред неколку години холивудскиот заводник.

Најнови вести

Коронавирус