среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 13
home Познати

Оваа девојка го изгубила календарот: Додека Карлеуша е во денови на тага, оваа манекенка зборува за изневерувањето на Душко со неа (ФОТО)

Оваа девојка го изгубила календарот: Додека Карлеуша е во денови на тага, оваа манекенка зборува за изневерувањето на Душко со неа (ФОТО)
ФОТО:ТЕЛЕГРАФ.РС

Оваа година лошо тргна за пејачката Јелена Карлеуша која беше во центарот на секс скандал на почетокот на оваа година, за да на крајот на почетокот на овој месец да ја загуби својата мајка Дивна Карлеуша.

Иако мајката на поп ѕвездата почина неодамна тоа не е единствено нешто што го привлече медиумското внимание овој период.

Во јануари годинава јавноста беше во неверување откако фудбалерот Огњен Врањеш објави голи фотографии од пејачката тврдејќи дека биле заедно.

Во целата ситуација започнаа да кружат приказни и дека Душко ја изневерил Јелена и тоа со манекенката Софија Милошевиќ која тоа уште тогаш го демантираше.

Но, оваа шпекулација повторно „оживеа“ кога таа реши да ја објасни целата ситуација пред камерата на емисијата „Премиера“ и тоа во екот на смртта на бабата на Душко Тошиќ.

Вмешана сум во нешто во што апсолутно не бев актер на случувањето. Бев актер затоа што се најдов на иста маса со Душко, легендарниот фудбалер Пикси како и неговото семејство, бидејќи се дружам со неговата ќерка. Мислам дека тоа на некого му одговараше, знам и на кого, но добро… Јелена и јас се слушнавме и станавме блиски, таа не веруваше ниту на една приказна бидејќи истата вечер на истата маса беше и тетката на Јелена, која е сестра на сега починатата Дивна, раскажува манекенката.