сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 50
home Познати

Ова се единствените две фотографии во јавноста од сопругата на Чолиќ- откако била прободена со нож на негов настап не излегува од дома!

Ова се единствените две фотографии во јавноста од сопругата на Чолиќ- откако била прободена со нож на негов настап не излегува од дома!

Иако денес тој е најголемата ѕвезда на овие простори и има бројни успеси со децении, Здравко Чолиќ не се сеќава со насмевка на сите животни настани.

Особено на една случка кога обожавателка скокнала од од публиката и ја нападнала сопругата Александра, со која е во брак од 2001 година.

Имено, многумина се прашуваа зошто Александра, со која Чолиќ има две ќерки, скоро никогаш не се појавува во јавноста. Можеби една од причините е токму скандалот што се случил во тоа време.

– Поминав и искусив многу во мојот живот. Еднаш сопругата беше нападната со нож од страна на фан и беше исечена на лицето. Сандра избега, малку беше исечена, за среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но сè уште го паметам. Мојата сопруга немаше други поголеми непријатности, бидејќи не е изложена, не е од таков тип, а исто така мислам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста – рече Чола во едно интервју.

Тој објасни дека во овој случај, среќата во несреќата била што неговата сопруга не била љубоморна, па драмата завршила брзо.

– Жена ми реагираше како што треба. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно влијае на неа. Таа го доживува како добро и убаво, како нешто што е дел од мене. Таа публика е со мене со години и ме поддржува во она што го работам. Верувам дека таа може да биде среќна само за тоа – рече пејачот.

Коронавирус