петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Познати

Ова е вистинската причина зошто Пике и Шакира раскинале?!

Ова е вистинската причина зошто Пике и Шакира раскинале?!

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике неодамна ги изненадија сите кога објавија дека раскинале.

Меѓутоа, поранешниот сопруг на една од сестрите на Шакира, Роберто Гарсија, сега откри дека главната причина за раскинувањето на славната двојка всушност не било изневерувањето, туку расправија околу пари.

Како што тврди тој, Пике побарал заем од Шакира за да ги вложи парите во некој бизнис, а таа го одбила по совет на нејзините родители кои и рекле дека „не би било многу паметно“.

„Според она што ми го кажа еден нивен многу близок, меѓу нив двајца има економски проблем. Наводно, Пике барал пари од Шакира за разни инвестиции, а семејството на Шакира одбило да ги даде. Тие не ги мешаат своите пари“, изјави Гарсија за ESdiario.

Тој исто така тврди дека пејачката никогаш немала намера да се омажи за фудбалерот.

„Шакира се фокусираше на Пике бидејќи сакаше тој да биде татко на нејзините деца. Знаеше дека никогаш нема да се омажи за него“, додал поранешниот зет на Шакира.

Коронавирус