сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 91
home Познати

Ова е вистинската причина за кавгата меѓу Мира Шкориќ и Цеца: Некогаш најдобри пријателки, снимија и песна која им го предвиде крајот!

Ова е вистинската причина за кавгата меѓу Мира Шкориќ и Цеца: Некогаш најдобри пријателки, снимија и песна која им го предвиде крајот!

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Мира Шкориќ беа најдобри пријателки, но во еден момент пукнало тоа пријателство. Од тогаш поминаа долги години, а тие немаат никаков контакт.

Сè се случило кога пред неколку години починала мајката на Мира, а нејзината блиска пријателка не и се јавила да и изрази соучество. Шкориќ во една прилика ги откри сите детали од крајот на нивното пријателство.

– Не ми се јави, ниту ми прати порака. Ете, Цеца не го направи тоа. Секој има свои причини, но вистината е дека не ми се јави, изјавила Мира и додала дека нема намера прва да и се јавува на Ражнатовиќ.

– Се растураат бракови по 40 години а не па едно пријателство. Не постои шанса јас прва да и се јавам. За разлика од останатите, јас имам свој став околу сето тоа и нема потреба да бидам нешто што не сум. Тоа меѓу нас повеќе не е ни важно. Ја со нејзе не сум скарана, едноставно не комуницираме, не се дружиме, објаснила Шкориќ.

– Ние две не мислиме исто, едноставно не сме исто. Знам дека некогаш бевме како едно, но ете, не треба да се плаче, се е тоа дел од животот. Знам дека тоа е интересно, меѓутоа не треба да се прави магаре од комарец. Цеца е голем уметник, ѕвезда и нема тука зборови. Во минатото секогаш имав убаво мислење за неа, заклучила Мира Шкориќ своевремено за српските медиуми.

Минатата година Мира дефинитивно ги оспори сите можности за смирување.

– Никогаш нема да се смирам со Цеца. Не би сакала да зборувам за тоа, подобро да молчам. И ја посакувам цела среќа на овој свет, истакнала пејачката.

Светлана Цеца Ражнатовиќ по ова прашање за пријателството со Шкориќ секога била јасна.

– Што се однесува до нашиот однос, можам само да ви кажам дека секоја врска има свој почеток и свој крај и секогаш има причина за тоам изјавила Цеца за српските медиуми.

Коронавирус