среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Ова е најголемиот сон кој никогаш не му се оствари- еве што прави секоја година сестрата на Тоше за неговиот роденден (ФОТО)

Ова е најголемиот сон кој никогаш не му се оствари- еве што прави секоја година сестрата на Тоше за неговиот роденден (ФОТО)

Крушево утре ќе го одбележи 39. роденден на Тоше Проески, на својот сограѓанин, на македонската и балканска музичка ѕвезда, на човекот со огромно срце за помош на секого.

Во чест и спомен на Тоше, оганизирани се повеќе манифестации. Пред сѐ, посета и почит пред неговото вечно почивалиште на Гумење.

Утре на 25.01.2020 година, по шестнаесети пат ќе биде организирана и голема крводарителска акција која е посветена на нашиот голем хуманист.

Традиционалната акција е во знак на одбележување на неговиот роденден.

Тоше замина без да му се исполнат неговите најголеми желби според многумина тоа се, да стане светска ѕвезда и да оствари семејство.

Тој загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска на 16 октомври 2007 година на само 26 годишна возраст.

Инаку сестрата на Тоше, Дора секоја година за роденденот на Тоше прави и негова роденденска торта, па така лани на неговиот роденден на социјалната мрежа Инстаграм објави слика од торта украсена со детелина со четири листа, која симболизира на среќа.