среда, 2. декември 2020. Вести денес: 4
home Познати

Отпеа во дует со Дино Мерлин голем хит, па ја снема: Ја паметите ли Ивана Банфиќ? (ФОТО)

Отпеа во дует со Дино Мерлин голем хит, па ја снема: Ја паметите ли Ивана Банфиќ? (ФОТО)

Се сеќавате на полуанонимната хрватска пејачка која ја испеа во дует со Дино Мерлин песната  “Годинама” и преку ноќ стана славна и позната?

Ивана Банфиќ беше една од најпопуларните хрватски пејачки во деведесеттите во поранешна Југославија. Сепак, нејзината слава со текот на времето полека почна да бледее и исчезнув, а во последниве години, таа и ретко се појавува во медиумите.

Ивана денес изгледа сосема поинаку. Му се посвети на своето семејство и ретко се појавува на јавни настани.

Нејзиниот живот беше многу турбулентен, а по разводот и абортусот таа се откажа од алкохолот од кого беше зависник и заврши на болнички третман. Ивана Банфиќ го склучи својот прв брак со сега нејзиниот поранешен менаџер Роберт Магиќ, но тие се разведоа во 2005 година. Како што тогаш пишуваа медиумите, тие се раздвоиле без грди зборови, навреди и скандали.

Сепак, пејачката потоа се пропи, па заврши во клиниката за рехабилитација. Цело време со неа бил тогаш веќе нејзиниот поранешен сопруг, кој и давал целосна поддршка. Кога се изборила со зависноста од порокот, во нејзиниот живот влегла нова љубов и втор брак со Круно Ладишиќ, продуцент од една телевизиска станица.

После тоа, таа сакала да се реализира и како мајка, но првата бременост ќе и заврши со абортус. Втората бременост ја минува во кревет сите девет месеци, а поради нејзиниот син, Јан ќе се повлече и од јавната сцена.

“Бев секс машина, ништо помалку од пет пати на ден” – рекла еднаш, додавајќи дека сè од тој период би повторила, ама со друг маж.

Ивана беше една од првите домашни ѕвезди кои се беа подложиле на естетска интервенција и јавно зборуваа за тоа.

извор: Вистина.мк

Најнови вести

Коронавирус