четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Познати

Откриено како Палатата реагирала на коментарот на принц Вилијам за интервјуто на Меган и Хари

Откриено како Палатата реагирала на коментарот на принц Вилијам за интервјуто на Меган и Хари

Кралицата и принцот Чарлс го поддржаа принцот Вилијам откако на новинарите им рече дека „кралското семејство навистина не е расистичко“, пишуваат британските медиуми.

Извори од Палатата за Mirror потврдија дека другите членови на кралското семејство биле задоволни од изјавата на Вилијам.

– Тие мислат дека тој добро сторил со оглед на емоциите и големината на сето тоа, рече изворот, истакнувајќи дека и Бакингемската палата и Кларенс Хаус, официјалните домови на кралицата и принцот од Велс, ја поддржаа соло интервенцијата на Вилијам во четвртокот.

Исто така, изворите тврдат дека постариот брат е подготвен да застане рамо до рамо со Хари на откривањето на статуата на нивната покојна мајка на 1 јули годинава во палатата Кенсингтон. Може да биде и првпат браќата да бидат видени заедно во јавноста по интервјуто.

– Тензиите несомнено растат, но и двајцата ја разбираат важноста да се остават настрана сите разлики за церемонијата. Дефинитивно постои чувство дека обете страни се подготвени да се обединат за една ваква посебна пригода, рекоа извори за британскиот весник.

Вилијам вчера стана првиот член на кралското семејство што зборуваше лично и пред камера за обвинувањата изнесени од Меган и Хари во интервју за Опра Винфри и потврди дека тој сè уште не разговарал со неговиот брат, сугерирајќи дека тие сè уште не се во најдобри односи.

Најнови вести

Коронавирус