петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 53
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски во Штип

home Познати

Откриени триковите на Меган Маркл за витката линија

Откриени триковите на Меган Маркл за витката линија

Идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл е висока 171 сантиметар и има 50 килограми. Со оглед на тоа дека пред врската со британскиот принц градеше кариера во филмската индустрија, јасно е дека Меган нашла начин како да ја задржи својата витка линија.

Тој вклучува јога и придржување на здрава исхрана, а кога сака да си ја почести душата тоа најчесто го прави со чаша вино или помфрит.

Пред да го избрише својот профил од Инстаграм, Американката објавуваше фотографии покажувајќи кои пози може да ги изведе на јога.

Таа секое утро пие чаша топла вода со лимон, а потоа појадува житарки со банана. За ручек на менито е салата со протеини, додека навечер знае да се почести со тестенини со тиквичка, пармезан и чаша вино.

Во интервјуто дадено за едно списание таа изјавува дека се труди колку може повеќе здраво да јаде, а нејзината исхрана вклучува и риба и зеленчук. Повеќе сака да јаде дома, отколку во ресторани.

-Сакам да готвам, па така секој ден правам нешто, дури и тоа да е песто кое може да го чувате во фрижидер и да го јадете цела недела. Сакам и да јадам, а за време на викендите малку се опуштам. Мислам дека доколку си го дозволите секое уживање, ќе сакате уште и уште, па затоа е важно да најдете рамнотежа, вели Меган која додава дека слабост и се италијанската и мексиканската кујна и помфритот.

Коронавирус