четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Познати

Откриена тајната мисија на Џорџ Клуни: За Анистон и Пит изнајмил приватна вила, што сакал да постигне?

Откриена тајната мисија на Џорџ Клуни: За Анистон и Пит изнајмил приватна вила, што сакал да постигне?

Поминаа 14 години од разводот на Бред Пит и Џенифер Анистон, но изгледа на нивниот заеднички пријател, Џорџ Клуни, тоа ништо не му значи, бидејќи решил да им обезбеди нова шанса, а за тоа има и генијален план.

Тој ги повикал поранешните сопружници на тајно патување во Рим со него и неговата сопруга Амал, но за Бред Пит и Џенифер Анистон обезбедил приватна вила сокриена од љубопитните погледи на јавноста.

Џорџ Клуни си ја задал оваа мисија со цел да го види повторно среќен својот пријател, а според него, тоа би се случило само ако ја обнови врската со Џенифер.

Како што пренесува „Mirror“, состанокот помеѓу нив поминал многу романтично, благодарение на вработените кои се однесувале дискретно до крај.

Се забележало дека и славниот актер исто така бил загреан за нова врска со својата поранешна избраничка, меѓутоа, со оглед на тоа дека Џенифер изјави дека двата нејзини брака завршиле бидејќи “немало повеќе среќа во тој договор“, смирувањето нема да му биде наједноставно.

Најнови вести