четврток, 4. март 2021. Вести денес: 81
home Познати

Откриена причината за смртта на легендарната југословенска актерка- овој вирус е поопасен и од короната, со него се бореше со месеци!

Откриена причината за смртта на легендарната југословенска актерка- овој вирус е поопасен и од короната, со него се бореше со месеци!

На 66 годишна возраст пред два дена почина хрватската актерка Мира Фурлан. Тажната вест е објавена на Инстаграм профилот „Radionica Integracije“ со кој таа имала соработка.

На својот Фејсбук профил од неа се простил и продуцентот Џозеф Мајкл Стразински со кој таа соработувала во серијата „Babylon 5“.

-Ноќта е со голема тага. Нашата пријателка замина по патот на кој не можеле да ја следиме. Веќе некое време знаевме дека нејзиното здравје е лошо. Се надевавме дека сепак ќе биде добро. Сите наши мисли вечерва ќе бидат со спомените кои ги остави зад себе, напиша меѓу другото продуцентот.

Инаку регионалните медиуми утрово пишуваа и за причината за смртта на легендарната актерка.

Имено таа веќе некое време била болна од Западна нилска треска која е исклучително тешка болест и се пренесува од заразни комарци.

Со овој вирус таа се борела веќе неколку месеци, но иако во болницата во САД и е пружено најдобрата нега, за жал таа починала, пренесуваат регионалните медиуми.

Вирусот инаку во природата се одржува помеѓу комарците и птиците кои се примерни резервати на вирусот, а вирусот на луѓето се пренесува преку убод од заразни комарци и не се пренесува од човек на човек.

Најнови вести

Коронавирус