сабота, 28. март 2020. Вести денес: 94
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Откри детали од својот живот: Некогаш најпознатата манекенка призна за што најмногу жали

Откри детали од својот живот: Некогаш најпознатата манекенка призна за што најмногу жали

Манекенката Синди Крафорд во деведесеттите беше во врвот на својата слава. Не постоеше ниту една светска ревија на која таа не присуствуваше, а денес на 52 години призна дека постојат работи за кои жали.

Во интервју за магазинот Town & Country покажа дека се уште е голем професионалец.

-За време на долгогодишната сезона скоро и да нема снимања или кампања кои не сум ги работела. Иако со голем дел од нив сум задоволна, некои би сакала да ги заборавам, рече Синди.

Иако никогаш не била жртва на сексуално злоставување, сега би одбила снимање на фотографии кои не биле нејзина желба.

-И денес жалам поради некои кои не сум ги направила по своја волја. Не сакам тоа да им се случи во иднина на моите деца. Не сакам да се свртат зад себе и да зажалат што нешто направиле, рече Крафорд.