среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 169
home Познати

Откако власта ја заборави, само таа се сети на неа: Едвај ќе ја препознаете- Атиџе Муратова со нов имиџ, нашминкана и средена

Откако власта ја заборави, само таа се сети на неа: Едвај ќе ја препознаете- Атиџе Муратова со нов имиџ, нашминкана и средена

Медената Атиџе Муратова од македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој беше номиниран за Оскар, за многу брзо време ги освои симпатиите на македонската, но и светската публика, но тоа воопшто не ѝ помогна да се се спаси од тешкиот живот.

Неодамна на ТВ Алфа се емитуваше интервју во кое Атиџе зборуваше дека повторно живее во старата куќа, бидејќи со социјаланта помош од 4 илјади денари не може да ја одржува за струја, вода и се што е потребно.

Понекогаш нема ниту храна, а и здраствено не се чувствува добро по повредите откако ја нападна куче. Сепак, таа самата вели дека никогаш не би побарала помош бидејќи се срами. На своја иницијатива, телевизијата објави трансакциона сметка од банка каде може да се донира за Атиџе, а и тие помогнаа во истото.

Пејачкта, водителка и писателка Сузана Турунџиева, периодов е голема поддршка на Атиџе во секоја смисла, која и на својот Фејсбук профил сподели фотографија на која едвај ќе ја препознаете. Средена и нашминкана.

-Оваа жена е бесценета за нашата земја… Најголемото богатство кое таа го поседува е нејзиното ДОСТОИНСТВО и доброто срце…Колку што сум тажна и лута што некои медиуми и поединци со нивните непромислени потези деновиве се обидоа да и го скршат достоинството и да ја прикажат во светло кое таа не го заслужува, толку сум благодарна што во приватни пораки добив еден куп пораки од добри и хумани луѓе кои се подготвени да и помогнат, за да и покажеме дека не е сама, и дека колку сме – толку сме, но секогаш ќе бидеме тука за неа… Ви благодарам на сите, пишува Турунџивеа.

Оваа жена е бесценета за нашата земја… Најголемото богатство кое таа го поседува е нејзиното ДОСТОИНСТВО и доброто…

Posted by Suzana Turundzieva on Петок, 27 ноември 2020

Најнови вести

Коронавирус