петок, 23. август 2019. Вести денес: 8
home Познати

Откако се скараа очи нејќат да си видат, а сега Дара одговори во нејзин стил кога дозна дека Сека Алексиќ е повторно бремена

Откако се скараа очи нејќат да си видат, а сега Дара одговори во нејзин стил кога дозна дека Сека Алексиќ е повторно бремена

Пејачките Сека Алексиќ и Дара Бубамара неодамна се скараа поради професионални недоразбирања, а од тогаш навака се честа тема во медиумите.

Веста дека повторно е бремена Сека Алексиќ го обиколи целиот регион, но не и Дара Бубамара.

Таа за убавите вести ниту слушнала, ниту ги прочитала, пишуваат српските медиуми.

Па така на новинарско прашање таа одговори како да не е од оваа планета.

-Ниту сум чула, ниту знам, навистина не ја следам колешката. Али секако се најдобро и посакувам и среќа, чао, вели Дара.

Инаку тие ја прекинаа комуникацијата откако Дара дозна дека Сека закажала концерт една недела пред нејзиниот, иако Бубамара прва го закажа концертот.