вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Познати

Откако се избори со коронавирусот, ѕвездата на „Breaking bad“ со важна порака: „Носете ги проклетите маски“ (ВИДЕО)

Откако се избори со коронавирусот, ѕвездата на „Breaking bad“ со важна порака: „Носете ги проклетите маски“ (ВИДЕО)

Ѕвездата на една од најпопуларните серии на денешницата „Breaking bad“, Брајан Кренстон во видео-објавата која ја сподели на неговиот Инстаграм профил откри дека бил заразен со коронавирус и истакна дека донирал крвна плазма.

Актерот ги повика неговите следбеници да ја „носат проклетата маска“ и да се придржуваат до мерката социјално дистанцирање.

-Сакам да ми соопштам дека имав Ковид-19, кажа Брајан во видео-објавата, и додаде дека имал благи симптоми.

Тој на обожователите им објасни како изгледа еден процес на донирање плазма.

Актерот кој го толкуваше ликот на Волтер Вајт во популарната серија, го заврши своето објавено видео апелирајќи им на обожователите да донираат плазма и го истакна важното значење на миење раце, друштвеното дистанцирање и носењето маски.

-Имав среќа, починаа повеќе од 150.000 Американци од ова, истакна Кринстон.

 

Коронавирус