вторник, 21. март 2023. Вести денес: 96
home Познати

Откако раскина со Кличко, младата актерка целосно изгуби контрола: Пиела со таткото на момчето, а потоа настана хаос

Откако раскина со Кличко, младата актерка целосно изгуби контрола: Пиела со таткото на момчето, а потоа настана хаос

Откако ја раскина врската со долгогодишниот партнер, борачот Владимир Кличко, актерката Хајден Пенетиер не може да се справи со проблемите.

29-годишната актерка имала проблем и со полицијата. Биле повикани на интервенција откако новото момче Брајан Хикерсон се степал со неговиот татко. Хајден, пијана и хистерична им ја отворила вратата на полицајците.

Инцидентот се случил во Гринвил, Јужна Каролина пред две недели, а американските таблоиди дојдоа до извештајот. Брајан не сакал да дава податоци на полицаецот, за да не се дознае за скандалот во кој е вмешана актерката.

Таа цело попладне пиела со таткото на Брајан, кој ги затекнал пијани и почнал да се тепа со татко му. Тепаниот татко, иако имал видливи повреди по лицето и крвав нос, на полицијата и изјавил дека паднал.

Ова е веќе втор инцидент на Хајден, која во август влета боса меѓу папараците во обид да им ја скрши опремата.Тогаш Хајден била заедно со Брајан и двајцата биле пијани.

loading...