понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Откако пејачката на хитот „Жена од султана“ ја претепа момчето, сега и тој се огласи во медиумите со своја верзија за инцидентот

Откако пејачката на хитот „Жена од султана“ ја претепа момчето, сега и тој се огласи во медиумите со своја верзија за инцидентот
Како бомба одекна веста во регионалните медиуми дека пејачката Тијана Милентијевиќ која стана преку ноќ позната откако го испеа хитот „Жена од султана“, пријавила во полиција дека нејзиното момче М.К. ја претепало. Таа само неколку дена пред тоа, се појави на снимањето на една ТВ емисија и немало никакви наговестувања дека такво нешто ќе се случи.
По инцидентот се огласи и нејзиното поранешно момче, па тој својата верзија ја раскажа на својот Инстаграм профил.
„Не ме исфрлија од бендот неколку пати. Еднаш престанавме да соработуваме и никогаш не продолживме, иако се гледавме, спиевме, излегувавме, имавме контакт. Како што велат некои новинари: Тој сакаше да ја искористи славата на популарната пејачка?  А јас на денот кога беше објавена песната, ги избришав сите слики со дотичната личност, токму од таа причина, за да не излезе дека се шлепувам. Од првиот ден кога излезе песната, бевме во врска, сè беше лага и делумно мој предлог таа да биде соло за во јавноста, за да не се провлекува по медиумите дека е со колега во врска… Подоцна сфатив дека тоа е мојата најголема грешка. Нема да ја наведам причината зошто имало расправија, барем не се’ уште, а кога ќе дојде време ќе се дознае. Вистината секогаш излегува на виделина. Претепана,  малтретирана личност, како што пишуваат новинарите, не би можеле да зборуваат по еден ден, а камоли да се појави на телевизија и да даде интервју. Тоа е сè. Ќе се изјаснам следниот пат, затоа што моето име, моето семејство , пријателите минуваат низ пекол поради ова, а правата вистина не се споменува никаде“ – напишал наводниот насилник М.К. воп своето образложение за инцидентот на Инстаграм.

Коронавирус