недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 91
home Познати

Откако Меган го откри вистинското лице на Кејт и тоа што и го направила на денот на свадбата целиот свет веќе има друго мислење за принцезата

Откако Меган го откри вистинското лице на Кејт и тоа што и го направила на денот на свадбата целиот свет веќе има друго мислење за принцезата

Медиумските шпекулации дека избила расправија меѓу Меган и Кејт Мидлтон во пресрет на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, ги потврди и самата војвотката од Сасекс во интервјуто дадено на Опра Винфри. Нејзината верзија на приказната вели дека Кејт избувнала во пресрет на венчавката затоа што не била задоволна со фустанот кој Шарлот требало да го носи на венчавката на нејзиниот чичко Хари.

Според Меган Маркл, реакцијата на Кејт Мидлтон ја расплакала, но призна и дека Кејт се извинила неколку дена подоцна и ѝ тропнала на врата со писмено извинување и цвеќе.

Семејството на Кејт Мидлтон, поточно нејзиниот вујко Гери Голдсмит, реши да ја брани својата внука затоа што тој е убеден, како и остатокот од семејството, дека Кејт не е виновна за несогласувањата за кои се пишуваше и сака да ја раскаже страната на приказната зад која стои семејството Мидлтон.

„Јас ја познавам Кејт од нејзиното раѓање и нема ништо злобно во неа. Едноставно тоа не е во нејзината природа. Таа е дури поубава одвнатре отколку однадвор. Сигурен сум дека единствената личност што избувнала во оваа приказна била Меган, а не Кејт која е прекрасна личност и никогаш не направила ништо лошо на никого – изјавил нејзиниот вујко за британски медиуми.

ЕУРО 2020

Македонија