сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 10
home Познати

Откако го изговори судбоносното ДА, животот ѝ се претвори во пекол: Проблемите на Сузана Манчиќ

Откако го изговори судбоносното ДА, животот ѝ се претвори во пекол: Проблемите на Сузана Манчиќ

Иако оваа година во животот на Сузана Манчиќ  и почна обоена со светли тонови, втората половина од годинава и е обележана со малери поради кои доживува секојдневни стресови.

За потсетување, водителката на почетокот на оваа година се омажи за Симеон Оцокомос, после што продолжија да уживаат во медениот месец, но после тоа работите тргнаа наопаку, а Сузана се прашува дали се е случајност.

Имено, неодамна еден портал објави вест дека нејзината ќерка страдала во Америка, поради што доживеала невиден стрес и шок, а и откако се увери дека се работи за лажна вест, и требало многу време да се смири. Сега се прашува кој сакал да му наштети на нејзиното семејство.

Набрзо, целата работа ја поврзала со хакирањето на нејзиниот мобилен телефон, поради што пред неколку месеци минала низ многу неволји, со оглед на тоа дека лицето кое стои зад нападот на нејзината приватност, продолжило да води преписки во нејзино име и и откажало многу настапи.

Сега таа само се надева дека овој пекол ќе помине и ќе продолжи да ужива во првата брачна година.

Коронавирус