вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Откако беше осуден на казна затвор, се огласи Џими Молика: Нема да ме скршите!

Откако беше осуден на казна затвор, се огласи Џими Молика: Нема да ме скршите!

Лидерот на фолк гупата „Молика“ од Битола,  Џими Мицевски осуден е вчера на казна затвор од 2 години и 6 месеци. Тој е сопруг на Анета Мицевска, еден од најдобрите македонски вокали.

Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО, под кодно име „Транспортер“.  Џими беше обвинет за злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола.

Музичарот денес се огласи преку социјалните мрежи, а неговата порака ви ја пренесуваме во целост:

Јас Мицевски Џими ова што сега го правам – пишувам го правам за честа и угледот прво на моите деца а потоа на мојата фамилија на мојот славеј Анета Мицевска и групата Молика..

Можеби сите сте информирани дека вчера во основниот суд во Скопје се судеше Битола поточно во мега познатиот случај Транспортер. Осудени сме сите обвинети а сите угледни и чесни грагани на Битола кои предходно немале ниту една дамка во своето работење. Јас сум осуден на 2 год и 6 месеци затворска казна за моето најчесно најдомаќинско работење.

Јас Мицевски Џими најодговорно тврдам дека со мојата фирма Џими Турс немам наплатено ниту (1) еден скршен денар од тоа што беше пропишано со одлука на совет на општина Битола, а тоа го има со ДОКАЗ во вештачењето од Бирото за судски вештачења ( значи вештачење нарачано од СЈО ). Секако дека овде ова нема да застанам со ова ќе одам и до последниот суд овде во МК да си ја докажам мојата невиност, а до колку увидам како и што гледам дека сме жртви (колатерална штета) на две супроставени страни правдата ќе ја барам и во Стразбург во Франција во меѓународниот суд за човекови права…

Само еден единствен денар ако се утврди со ФАКТИ И ДОКАЗИ дека јас сум зел повеќе пари за извршената услуга јас сум спремен да одговарам во секое време…

Ова што се случува се вика играње со човечки судбини и ништо друго..Меѓутоа немојте да мислите дека ќе ме скршите .. Битката продолжува. Немојте да се судите зошто ништо не оди овде и зошто ни бегаат младите.  Недај бог да ви стани јасно како на мене сега што ми станува јасно.

Немам намера на никого да му се правдам и ке ве замолам вие од Порталите ако имате барем малце цовечко достоинство да пишувате според факти а не од ракав истресени информации..

Мицевски Џими

Коронавирус