вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Познати

Отфрлено едно обвинение против Вајнстин

Отфрлено едно обвинение против Вајнстин

Судот во Њујорк денеска отфрли едно од шестте кривични обвиненија против продуцентот Харви Вајнстин, откако обвинителите соопштија дека не се против со оглед на информациите до кои дошле за време на истрагата.

Отфрлената точка од обвинението се однесува на наводниот сексуален напад на Вајнстин врз една жена во 2004 година.

Петте други обвиненија, меѓу кои и наводните напади врз други две жени остануваат во случајот пред кривичниот суд на Менхетн.

Вајнстин изјави дека не е виновен ниту по една точка од обвинението.

МИА