сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Осудениот продуцент Вајнштајн пренесен во болница поради влошено здравје

Осудениот продуцент Вајнштајн пренесен во болница поради влошено здравје

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн, кој вчера беше осуден на 23  години затвор поради сексуални напади и силување, е пренесен во болница поради болки во градите.

Вајнштајн се пожалил на болка во градите и е пренесен од њујоркшкиот затвор Рикерс во болницата Белуве, за да се лекува од срцеви проблеми, истакна портпаролот на Вајнштајн во електронска порака.

На 24 февруари судот го прогласи Вајнштајн, некогаш највлијателниот холивудски маж виновен за сексуален напад на асистентката Мими Халеј и за силување на поранешната актерка Џесика Ман, но е ослободен од најтешкото обвинение, дека е сексуален предатор, за што може да добие доживотен затвор.

Движењето МиТу (#MeToo) што настана како платформа против злоупотребите на Вајнштајн ја поздрави изречената казна.

Коронавирус