недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Познати

Опседната обожавателка на Пејовиќ: Ќе си ги пресечам вените, па ќе се фрлам во река ако ме оставиш

Опседната обожавателка му напиша коментар на социјалните мрежи кој ги шокира фановите, но најмногу самиот пејач.
Опседната обожавателка на Пејовиќ: Ќе си ги пресечам вените, па ќе се фрлам во река ако ме оставиш

Славните лица често имаат проблеми со фанови кои се заљубуваат во нив буквално до “лудило“.

Некои ги следат своите идоли, други само бараат автограм или фотографија. Но, една обожавателка на пејачот Ацо Пејовиќ отиде многу чекори подалеку.

Опседната обожавателка му напиша коментар на социјалните мрежи кој ги шокира фановите, но најмногу самиот пејач.

-Многу сум тажна, ќе си ги пресечам вените за тебе. Уште сега ќе се самоубијам, Ацо, само ако не те запознаам во живо на концерт. Ќе се удавам сега во ладна река ако не ми дозволат да се фотографирам со тебе. Ацо, јас не сакам повеќе да ми бидеш лут, не ме оставај сама никогаш повеќе, јас цела ноќ се гушам во солзи за тебе, напиша девојката Аминија.

Таа понатаму коментира дека е тажна и дека ќе испие 14567 апчиња ако ја остави сама.