четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 4
home Познати

Оливер Драгојевиќ се огласи со одлични вести: Здравјето ми се подобрува

Оливер Драгојевиќ се огласи со одлични вести: Здравјето ми се подобрува

Легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ не ја симнува насмевката од лицето, јавуваат хрватските медиуми.

Последниве денови тој се чувствува одлично бидејќи неговата здравствена состојба е подобрена. Изминативе месеци тој мина низ тешко лекување кое, судејќи по се, дава резултати.

Ова го потврдува лично и Оливер.

-Добро сум. Здравствената состојба ми се подобри. Нема да зборуваме за клиничката слика и хемотерапиите. Јас сум подобро и тоа е важно, изјавил Драгојевиќ.

Поради ослабениот имунитет, главната грижа на Оливер сега му е да не добие некоја инфекција.

-Мора да внимавам да не настинам. Има милион инфекции и вируси, на тоа треба да внимавам, другото се ќе биде ок, со оптимизам говори пејачот за „Дневни аваз“.

 

Најнови вести

Коронавирус