петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 123
home Познати

Оливер Драгојевиќ прв пат проговори за состојбата по хемотерапијата: Јас веднаш би се вратил на сцената, но…

Тој инаку во моментов се наоѓа во својот дом во Сплит заедно со семејството, а во болница оди само на лекување.
Оливер Драгојевиќ прв пат проговори за состојбата по хемотерапијата: Јас веднаш би се вратил на сцената, но…

Балканската музичка легенда Оливер Драгојевиќ веќе некое време оздравува од ракот на белите дробови, а по хемотерапијата за прв пат се огласи во јавноста.

-Добро сум, фала на прашањето. Би се вратил јас веднаш на сцената, но не можам се уште. Во прашање е лекувањето кое се уште трае. Здравјето ми е добро. Подобро него претходно, се бориме, вели Драгојевиќ.

Тој инаку во моментов се наоѓа во својот дом во Сплит заедно со семејството, а во болница оди само на лекување.

Инаку неговата сопруга Весна неодамна се огласи и кажа дека тој завршил со хемотерапијата, а со тоа и се намалил туморот.

-Убаво е малку да одиш покрај морето и покрај тоа што сум ограничен со движењето. Морам малку да поминам време покрај морето, вели пејачот.