среда, 19. декември 2018. Вести денес: 124
home Познати

Огњен Амиџиќ призна дека се бори со здравствен проблем

Огњен Амиџиќ призна дека се бори со здравствен проблем

Пред извесно време познатиот српски водител Огњен Амиџиќ почнал да чувствува замор, поспаност и тромавост.

Веднаш посетил доктор и дознал дека боледува од инсулинска резистенција. Станува збор за преддијабетна состојба од која боледува и пејачката Гоца Тржан.

-Тоа не е премногу сериозна состојба, туку пореметување на метаболизмот. Веќе подолго време чувствував потешкотии и не бев изненаден кога дознав за што станува збор. Тоа е се последица на начинот на живот кој го водам – неспиење, стрес, лудница и варирање на килограмите. Но, поентата е дека се може да се реши само со исхрана. Докторот ми порача да се нервирам помалку и редовно да спијам, вели водителот во интервју за магазинот „Стори“.

Вели дека здравствените проблеми се причина за промена на неговите навики, како и дека во наредниот период повеќе внимание ќе посвети на себе си.