вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 131
home Познати

Огнен Здравковски во српска емисија се пофали дека се дружи со Саша Ковачевиќ (видео)

Огнен Здравковски во српска емисија се пофали дека се дружи со Саша Ковачевиќ (видео)

Младиот македонски пејач Огнен Здравковски неодамна гостуваше во ТВ емисијата „Гранд Магазин“, каде зборуваше за своите музички почетоци, но и за дружбата со српскиот пејач Саша Ковачевиќ и за тоа како започнала.

Огнен со водителката се трудеше да зборува на српски јазик, иако не му одеше баш флуентно. Она за што веднаш го започнаа разговорот беше како тој и Саша се зближиле откако Ковачевиќ за него гласал кога Огнен учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“.

Огнен му се заблагодарил за дадените поени, а Саша му вратил во порака. Оттогаш почнале да се зближуваат, па денес Неделковски знае да присуствува и на пробите на Ковачевиќ за новот музички проект.

Тој појаснува дека Саша знае да му даде и совети околу кариерата.

-Јас немам што да ти кажувам за пеење, ти што и да пееш тоа го правиш фенименално брате, само ми кажа некои трикови, вели Огнен.

Во продолжение можете да ја погледнете целата емисија и останатите детали од македонско-српската пејачка дружба.

ЕУРО 2020

Македонија