понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 121
home Познати

Огнен Здравкоски првпат се огласи до јавноста по смртта на неговиот вујко Зоран Џорлев

Огнен Здравкоски првпат се огласи до јавноста по смртта на неговиот вујко Зоран Џорлев

Македонскиот виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев почина пред речиси две недели поради последици од коронавирусот.

Џорлев беше заразен со коронавирус и се лекуваше на инфективната клиника во Скопје. Неговата состојба била стабилна, но се откачил тромб и ја изгуби битката со короната.

Македонската јавност беше затечена од оваа вест, а неговите колеги, пријатели, а посебно неговото семејството е неутешно поради големата загуба.

Неговиот внук, пејачот Огнен Здравкоски првпат се обрати до јавноста откако почина неговиот вујко.

Тој за „Бексјтеџ“ вели дека веста за смртта на Џорлев прва ја дознала неговата вујна, а потоа и целото семејство.

„Ние живееме сите заедно, неговото семејство и моето семејство во иста куќа. Се лекуваше на инфективна клиника во Скопје и лекувањето беше стабилно. Немаше некои компликации. И последниот ден, последниот час се случи тоа што не требаше да се случи, се откачи тромб и не успеа да се избори со оваа проклета болест. Ете ќе кажам тоа било Божја волја, така требало да биде. Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерарно му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе не чува од горе, вели Огнен за „Бекстејџ“ и додава:

„За вујко ми ќе кажам дека тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот. Тој ми беше како втор татко. Секогаш ме советуваше за музиката, за моето пеење. Среќен и горд сум што ми бил вујко. Тој беше човек со огромно срце, огромна душа, знаеше да прави само добри работи“ вели Здравкоски.

Тој додава дека ќе продолжи да чекори по неговите стапки.

„Ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да исчекорам по тој пат и да ја продолжам традицијата која тој ја правеше за нашето семејство. Многу песни, многу проекти останаа недовршени, но ќе ги довршиме некогаш и некаде“, вели Огнен со солзи во очите.

Здравкоски на крајот упатува порака до сите да се чуваат, да се сакаат, да се шири позитивна енергија. 

Коронавирус