петок, 17. септември 2021. Вести денес: 1
home Познати

Одвратни зборови на Кристијан Голубовиќ: „Поранешната жена се обиде да ме убие, драго ми е што се распадна од рак“

Одвратни зборови на Кристијан Голубовиќ: „Поранешната жена се обиде да ме убие, драго ми е што се распадна од рак“

Кристијан Голубовиќ, кој секогаш истакнува дека неговата прва невенчана сопруга Данијела Џукиќ засекогаш ќе остане љубовта на неговиот живот, вели дека никогаш нема да и прости што му свртел грб кога, како што рече, него му било најтешко.

Голубовиќ, кој учествуваше во четвртата сезона на „Задруга“, со Даниела го има синот Лазар кој е роден во 1995-та година. Нивната љубов траеше сè додека тој не заврши зад решетки.

Потоа, како што рече тој, таа му забранила да го гледа детето, што силно го повредило. Затоа тој смета дека „космичката правда“ е фактот дека мајката на неговото дете се разболе од рак на дојка неколку години подоцна и почина!

-Таа дојде во мојата куќа со Лазар само кога доби рак, во 2005-та година. Само што ме виде, ме прегрна и ми рече: „Ова е мојот татко.“ Не го имав видено од 1999 година. Даниела едноставно застана пред вратата и плачеше. Таа не се плашеше од мене затоа што знаеше дека не сум и нема да нападнам женско и дека ќе и простам. Му реков на Лазар пред неа: “Таа ти е мајка, но не е добар човек”. Потоа ја прашав: „Дали знаеш зошто ти се случува сето ова?” Таа ми рече: “Знам, затоа што те излажав, те изневерив и предадов”. И, најмногу ги мразам тие три работи во мојот живот. Кога ми призна, отворено и реков дека ќе и направев уште едно дете ако не беше болна. Па, јас би и простил се затоа што верував дека таа правела лоши работи под влијание на околината и некои супстанции кои ги користеше. Но, мило ми е што на крајот се распадна од ракот, го заслужи тоа. Таа не заслужи поблага смрт. Жал ми е како за човек, но мило ми е што на крајот се и се врати, вели Кристијан, пишува Информер.

Голубовиќ дури тврди дека мајката на неговото дете се обидела да го ликвидира.

 

Коронавирус