вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 170
home Познати

Однесен во болница: Принцот Вилијам колабираше на гробот на мајка си

Однесен во болница: Принцот Вилијам колабираше на гробот на мајка си

На принцот Вилијам му се слошило на гробот на неговата мајка, пренесува британскиот печат. Имено, според неименуван извор, за време на неодамнешната посета на гробот на Дајана, Вилијам доживеал страшен напад на паника. Принцот одеднаш се вознемирил и почнал тешко да дише. За среќа, во тој момент, тој бил друштво на неговата сопруга Кејт Мидлтон, која цело време била прибрана.

Војвотката од Кембриџ веднаш го гушнала сопругот и се обидела да го утеши, но тоа поттикнало уште поголем порој на емоциите во Вилијам и тој не можел да се смири. Комплетно скршен и по толку години од смртта на Дајана, принцот се обидува да најде начин да го продолжи својот живот без да се сеќава на тој тежок ден.

– Вилијам беше неутешен поради фактот дека неговите деца никогаш нема да ја запознаат неговата мајка – објасни извор за магазинот „Глобус“.

Тој додава дека само со мирната и брза реакција од Кејт Мидлтон, Вилијам брзо се си дошол при себе. Таа сепак не сакала да ризикува да му биде полошо, па го убедила да одат во приватната ординацја што се грижи за кралското семејство. За среќа, Вилијам се согласил и наскоро бил многу подобро.

Принцот Вилијам неодамна имаше слична случка

Веста дека принцот Вилијам колабирал на гробот на неговата мајка, не изненади многумина. Имено, пред само неколку недели, јавноста беше вознемирена од веста дека неговата здравствена состојба е лоша. Таблоидот „National Enquirer“ јасно ја шокираше британската нација кога се појави на насловната страница со информација дека принцот Вилијам „постепено“ го губи видот, така што, ќе стане целосно слеп со стареењето.

За време на неговата изолација, Војводата од Кембриџ реши да побара помош од најпрофесионалниот тим на лекари во Велика Британија за да му помогнат. Тој беше многу загрижен за губење на видот и се обиде да стори се за да може да го забави овој голем здравствен проблем барем малку.

– Принцот Вилијам има уште пет години пред целосно да го изгуби видот – рече инсајдер од кралскиот двор и загрижи многумина.

Наводно, Вилијам зборувал јавно за неговиот проблем и не сакал да крие ништо од својот народ.

– Вилијам јавно објави дека видот му се влошува. Но, внатре во ѕидовите на кралската палата, „до смрт“, се плаши дека целосно ќе го изгуби видот. Сите во британското семејство се во шок и се надеваат дека медицинскиот тим ќе му помогне – додаде истиот извор.

Коронавирус