недела, 18. август 2019. Вести денес: 58
home Познати

Одбојкарка тврди дека била во тајна врска со Емилијано Сала: „Ќе те сакам засекогаш“ (ФОТО)

Одбојкарка тврди дека била во тајна врска со Емилијано Сала: „Ќе те сакам засекогаш“ (ФОТО)

Бразилската одбојкарка Луиза Унгерер тврди дека била во тајна врска со трагично загинатиот фудбалер Емилијано Сала.

31 годишната спортистка тврди дека се запознала додека и двајцата играле во Франција и дека за последен пат го видела една недела пред неговата смрт, на нејзиниот роденден на 14 јануари.

Луиза која живее и игра во Франција веќе осум години, вели дека се запознале преку социјалните мрежи во септември 2017 година и дека тогаш започнале да се допишуваат, пренесува бразилскиот Глобо.

Одбојкарката тврди дека тој секогаш ѝ велел дека неговиот сон е да заигра во Премиер лигата.

Тврди и дека разговарала со него на денот на несреќата, но не сакаше да открие за што. Откако неговото тело беше пронајдено, таа објави заедничка фотографија и напиша:

„Како што ми кажуваше секогаш – Ти благодарам што беше таков каков што беше. Ќе те сакам засекогаш“.

„Ќе се обидам да бидам среќна колку што можам, знам дека тоа тој би го сакал“, рекла Луиза за бразилските медиуми.

Најнови вести