вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Од скромна пејачка до ѕвезда: За Тамара денеска зборува цела Европа, а многумина заборавија што и се случи пред 11 години на Евровизија

Од скромна пејачка до ѕвезда: За Тамара денеска зборува цела Европа, а многумина заборавија што и се случи пред 11 години на Евровизија

Српскиот портал Блиц денеска објави вест за нашата претставничка на Евровизија Тамара Тодевска која вчера за влакно не победеше на ова шоу.

Тие велат дека Тамара не само што го изненади регионот, туку и цела Европа.

По гласањето од жирито таа од првото место се најде на второто, а многумина беа убедени дека таа ќе ја однесе победата во Македонија, за да на крајот од гласовите на публиката се разочараат сите,  освојувајќи го осмото место.

Инаку тие се потсетуваат на Евровизијата на која беа домаќин во 2008-та година кога Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија заедно со Врчак и Адриан Гаџа, но не успеаја да влезат во финалето поради променетиот систем на гласање.

Тие пишуваат дека Тамара од таа до оваа Евровизија очигледно ја научила лекцијата.

Најнови вести