петок, 17. септември 2021. Вести денес: 33
home Познати

Од „постари госпоѓи“ прејде на „малолетнички“: Игор Којиќ ја батали Северина, сега „се пали“ на „Бресквица“?! (ФОТО)

Од „постари госпоѓи“ прејде на „малолетнички“: Игор Којиќ ја батали Северина, сега „се пали“ на „Бресквица“?! (ФОТО)

Откако Игор Којиќ конечно сфати дека нема ништо од заедничката иднина со неговата, се’ уште законска сопруга Северина, па ја отследи од Инстаграм и реши да продолжи понатаму.

Според медиумите, Игор во последно време е фасциниран од младата пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како „Бресквица“, која деновиве е во центарот на медиумското внимание поради песната, која му ја посвети на своето поранешно момче Михајло Веруовиќ – „Војаж“.

Доказ дека „каде има чад, има и оган“ е фактот дека еден од првите профили што ги заследил на Инстаграм откако ја избриша Северина, беше профилот на Анѓела – „Бресквица“.

Според добро упатен извор, на Игор толку многу му се допаѓа популарната „Бресквица“ што тој постојано одговара на нејзините Инстаграм приказни и и’ дели комплименти, но таа засега не одговара на пораките и не се впушта во разговор со Којиќ јуниор. Уште повеќе, дури и не го ни следи на оваа социјална мрежа.

Но, знаете како се вели: „Женско срце не освојува убавиот, туку упорниот“… А Игор Којиќ велат поседува и од двете особини… Патем синот на Кеба очигледно има широок опсег на желби, па од „постари госпоѓи“ прејде на „малолетнички“… Па, да видиме?!

Најнови вести

Коронавирус