вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 68
home Познати

Од овој роденденски подарок кој Анастасија го добила од своето момче ќе останете со подотворена уста – ја води на луксузна дестинација!

Од овој роденденски подарок кој Анастасија го добила од своето момче ќе останете со подотворена уста – ја води на луксузна дестинација!

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го прослави својот 23-ти роденден во еден белградски ресторан. На гала прославата присуствуваа нејзините најблиски – семејство, пријатели, роднини, соработници.

Гламурозната забава беше подарок од нејзината мајка Цеца, која се обиде да и ја исполни секоја желба на нејзината наследничка, додека момчето на Анастасија, Ѓорѓе Кулиќ, ја изненади пејачката со луксузното патување на Миконос, кое тој и го подари за роденден.

Инаку, Ражнатовиќ откри дека роденденот го дочекала во друштво на своето момче, но и нејзината мајка и дека заедно направиле.

– Немаше изненадувања, бев дома со мајка ми и момчето. Наздравувавме со пијалак на полноќ, разговаравме, уживавме, но ништо спектакуларно. Организираат нешто за мене секоја година, така што сигурно не би ме изненадиле, за мене е сосема во ред тоа да го сторивме толку суптилно.

Коронавирус