вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 79
home Познати

Од кусо – покусо: Малиот црн фустан совршено стои на Елена Велевска (видео)

Од кусо – покусо: Малиот црн фустан совршено стои на Елена Велевска (видео)

Фолк пејачката Елена Велевска деновиве се почесто е гостинка на телевизиски емисии, а по тој повод таа секако се грижи за совршен изглед пред камера.

Веќе две емисии по ред на „Живот со стил“, Велевска е гостинка и жири кај водителката Елена Стефановска, а пак едно од погледните гостувања и беше во емисија каде требаше и да запее.

Секоја жена во својот плакар треба да има црн фустан кој ќе и прилега на нејзината конституција, а во него ќе се чувствува пријатно, секси и самоуверено.

Елена Велевска добро знае кој е вистинскиот модел на „малиот“ црн фустан кој совршено стои на неа, па токму еден таков во светката варјанта го избра за своето последно ТВ претставување.

Бог ја дарил со таква маркантност што ретко кое око не би било љубопитно да и „фрли“ барем еден поглед, кој пак сигурно ќе се задржи подолго.

Кога жената е полна со самодоверба, тогаш тоа е евидентно – баш како кај Елена, која секојдневно плени со својата харизма и атрактивна појава, пред камерите, непосредно, но и на социјалните мрежи каде знае да предизвика „хаос“.

Нема маж кој не сака да гледа убава жена, а нема ниту жена која не сака да слушне комплимент од друга жена, а Елена со овој изглед собра многу такви.

ЕУРО 2020

Македонија