четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Познати

Од гламур и луксуз до затвор: Убавата претседателската ќерка заврши зад решетки

Од гламур и луксуз до затвор: Убавата претседателската ќерка заврши зад решетки

Ѓулнара Каримова, ќерка на починатиот претседател на Узбекистан, Ислам Каримов, заврши во затвор откако го прекрши условот за петгодишен домашен притвор.

Ѓулнара во 2017 беше осудена на 10 години затвор поради измами и перење пари , но казната минатата година и е преиначена во домашен притвор. Таа за време на претседателскиот мандат на нејзиниот татко беше амбасадорка во Шпанија, постојана претставничка на својата земја во Обединетите нации во Женева и поп пејачка.

Сите предвидуваа дека ќе го замени татко и на претседателското место во Узбекистан.

Сега нејзиниот швајцарски адвокат се жали дека Ѓулнара на сила била одведена од нејзиниот стан и бара да се прогласи Узбекистан за земја во која не владее правото.

Нејзината ќерка Иман на Инстаграм објави фотографија од апсењето на Ѓулнара, каде се гледа двајца мажи како држат жена облечена во папучи и наметка.

Обвинителите велат дека судот во Ташкент решил Ѓулнара да се однесе во затвор, зашто користела интернет, го напуштала станот и не исплатила компензација за државата.

Таа била обвинета дека е дел од злосторничко здружение за да дојде до имот вреден милијарда долари во 12 земји меѓу кои во Британија, Русија и Обединетите Арапски Емирати.

Локални избори 2021