понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 58
home Познати

Од цената ќе ви се заврти во умот – породувањето на српската пејачка ќе чини навистина скапо, фудбалерот е подготвен да го одврзе ќесето

Од цената ќе ви се заврти во умот – породувањето на српската пејачка ќе чини навистина скапо, фудбалерот е подготвен да го одврзе ќесето

Брачниот пар Катарина и Марко Гобељиќ изминатава 2021 година ќе ја паметат само по убави работи, а особено идната ќе им донесе и целосна промена во нивните животи остварувајќи се како родители.

Како што открива извор до парот за српските медиуми, пејачката и фудбалерот се целосно подготвени за доаѓање на свет на нивниот нов член во семејството.

-Штом дозна дека е бремена, Катарина се одлучи бременоста да ја води во приватна болница, во истата одат многу познати личности, а во сето тоа ја поддржа и Марко, раскажува изворот.

Тој додава дека иако во оваа приватна болница основниот пакет за породување чини околу 2.000 евра, Катарина се одлучила за најскапиот пакет во кој е склучено буквално се и чини околу 4.000 евра.

-Освен што има сопствен апартман, ќе има телевизор, интернет, посебен тоалет како и бокс за новороденчето. Пејачката ќе има третман по породувањето и дома, склучено во цената, како и неопходните третмани за брзо опоравување од породувањето, раскажува изворот.

Тој вели и дека бидејќи ова и е прва бременост на пејачката, таа сакала ништо да не остави на случајност, па затоа и го платила најскапиот пакет кој склучува и 24 часа достапност на докторите и бабицата.

Најнови вести

Коронавирус