петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Од борба со сиромаштија до милиони: Животната приказна на Наталиа е како модерна Пепелашка

Од борба со сиромаштија до милиони: Животната приказна на Наталиа е како модерна Пепелашка

Наталиа Водианова е родена во 1982. година во Горки, Русија. Во многу сиромашен крај и во многу сиромашно семејство.

Водианова растела со две полусестри, Кристина и Оксана, од кои едната заболела од церебрална парализа. Татко им ги напуштил кога Наталиа била многу мала и имала само неколку години.

За да можат да се прехранат, Наталиа, нејзината мајка и здравата сестра на пазар продавале овошје и зеленчук и речиси сите пари ги давале за болната сестра.

Тешкиот живот на Наталиа траел сѐ до нејзината 15-та година. Тогаш, токму на пазарот ја забележал еден агент од една модна агенција и сосема и го променил животот.

Тогаш започнала да работи во една руска агенција, а за само две години успеала да ја заинтригира светската модна сцена и се преселила во Париз кога наполнила 17 години.

Модните понуди само се зголемувале, а оваа убавица го добила прекарот – Супернова.

За многу кратко време таа станала еден од најбараните и најплатени модели. Милионски договори, насловни страници на „Вог“, заштитно лице на „Гучи“, „Прада“, „Шанел“, „Версаче“, „Хуго Бос“… Била трет најуспешен модел во светот и успеала да заработи 20 милиони долари. Нејзиниот приватен живот исто така е многу интересен.

Наталиа се омажила за милијардерот Џастин Портман, со кој има три деца. Нивната љубов честопати е истакнувана како модерна бајка, со обзир на тоа дека тој е богат наследник, а таа од сиромашно семејство.

Сепак, тие се развеле после девет години брак. Наталија решила да го остави Џастин. Се развеле пред седум години.

„Се чувствував како стара износена Луи Витон торба. Се однесуваше кон мене како да се срами од мене. Многу беше лоша кон мене, а кога го официјализиравме разводот, јас отидов на рехабилитација од сето тоа. Кога се слушнавме по некое време, ми рече дека воопшто не и недостасуваме јас и моето семејство, како и тоа дека не и паѓа на памет повторно да бидеме семејство“, рекол Џастин.

И додека нејзиниот поранешен принц на бел коњ тагувал, Наталиа веднаш влегла во врска со францускиот милијардер Антоан Арнолт. Со него има два сина Максим и Роман.

Коронавирус