среда, 17. јули 2019. Вести денес: 116
home Познати

„Очајната домаќинка” оди во затвор: Од луксуз во актерскиот живот до чистење на тоалети

„Очајната домаќинка” оди во затвор: Од луксуз во актерскиот живот до чистење на тоалети

Американската актерка Фелисити Хафман (56) одлучи да се нагоди со обвинителството и, како што рече, „да прифати сè што ќе ѝ донесе судењето“. А тоа би значело, ако биде според волјата на обвинителот, најмалку четири месеци во сојузниот американски затвор.

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки” е една од познатите мајки обвинети за поткуп и организирање на мамење на испити со цел нивните деца полесно да се запишат во најдобрите американски училишта.

Хафман одлучи да соработува со властите и призна дека дала 15.000 долари за да се подобрат SAT (еквивалент на државната матура) резултатите на нејзината ќерка.

Според американските медиуми, таа е шокирана бидејќи ја чека казна од најмалку четири месеци зад решетки во затвор, веројатно во Калифорнија. Притоа таа ќе ја дели ќелијата со две или три жени, а дневните обврски ќе вклучуваат чистење на тоалетите и бањите. Семејството ќе може да го види само четири часа месечно.

Американските судски експерти велат дека не постои шанса да ја избегне казната затвор.

Хафман се плаши од малтретирање бидејќи ќе ја мразат затоа што е позната и има пари, додека повеќето од другите се во затвор делумно и затоа што се сиромашни.

Освен тоа, треба да плати глоба во износ од десетици илјади долари, а откако беше ослободен од затвор ќе биде најмалку 12 месеци под надзор на надлежните институции.