среда, 17. јули 2019. Вести денес: 116
home Познати

„Очајната домаќинка“ може да помине 20 години зад решетки: Ја призна вината и се соочи со срамот (ВИДЕО)

„Очајната домаќинка“ може да помине 20 години зад решетки: Ја призна вината и се соочи со срамот (ВИДЕО)

Холивудската актерка Фелисити Хофман и уште 12 богати познати личности ја признале вината дека давале мито за децата да ги запишат на колеџ.

Најголемата афера досега во врска со приемот на студентите на колеџ станала предмет за кривично гонење во САД, а на врвот на листата од 50 луѓе, кои подмитувале тренери на колеџ и луѓе од центарот за тестирање за да им помогнат на нивните деца да се запишат на најелитните школуи во САС, се нашле и холивудските актерки Фелисит Хофман и Лори Лахлин.

Хафман, ѕвездата на серијата „Очајни дојмаќинки“ според обвинението, уплатила 15.000 долари на лажна добротворна организација поврзана со Сингер за да овозможи местење на резултатите од тестовите САТ за својата ќерка.

Си-Ен-Ен наведува дека на Хофман ѝ се закануваат и до 20 години затвор, но дека поради признанието на вината, обвинителите ќе препорачаат што е можно помала затворска казна, паричната казна до 20.000 долари и 12 месеци условна казна.

Актерката во соопштението навела дека „во целост ја прифаќа вината“ и дека ќе ги „прифати последиците“.

-Се срамам поради болката која ѝ ја нанесов на мојата ќерка, семејството, пријателите и колегите и образовната заедница. Сакам да се извинам, а особено на учениците кои секојдневно напорно работат да се запишат на универзитетите и на нивните родители кои даваат голема жртва за своите деца,  рекла Хофман.