среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Обвинувањата за сексуален напад му ја уништија кариерата: Отфрлено обвинението против Кевин Спејси

Обвинувањата за сексуален напад му ја уништија кариерата: Отфрлено обвинението против Кевин Спејси

Судскиот процес против холивудскиот глумец Кевин Спејси, за наводен сексуален напад на 18-годишно момче, е прекинат поради „недостапност на оштетениот во својство на сведок”, соопшти Обвинителството во Нантакет, Масачусетс, САД.

На сослушувањето минатата седмица, оштетениот одби да одговори на прашањето – дали ги избришал своите СМС пораки што му ги праќал на Спејси.

Спејси беше обвинет за сексуален напад што се случил во бар во Нантакет пред повеќе од три години. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус