сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 7
home Познати

Објавени информации околу состојбата на Фергусон, неговото семејство цело време е со него

Објавени информации околу состојбата на Фергусон, неговото семејство цело време е со него

Како што објавува весникот „Ајриш Тајмс“ состојбата на Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед по операцијата на мозокот и понатаму останува „тешка“.

Легендарниот Ферги во саботата доживеа мозочен удар и итно беше примен во болницата во Максесфилд, каде имаше неколкучасовна операција. Откако помина хирушкиот зафат тој беше префрлен во Кралската болница Салфорд.

Околу состојбата на Фергусон молк владее и на Олд Трафорд и од болницата каде тој беше сместен, од таму не даваат никакви информации. Единствена информација која излезе во јавноста е објавата на Манчестер Јунајтед на Твитер каде напишаа дека операцијата поминала успешно и дека нивниот легендарен тренер останува на интензивна нега.

Неговите најблиски, сопругата Кети и синот Дарен, се до Фергусон во болница. Инаку, синот на Фергусон исто така работи како фудбалски менаџер.

Инаку откако се дозна веста за состојбата на Фергусон, тој доби поддршка од целиот свет. Клубот им се заблагодари на сите за поддршката и пораките по непријатната вест за Фергусон.

Коронавирус