вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 189
Во живо

Вонредна пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ: Објава на нови шокантни детали од злоупотребата на институциите со цел притисок врз граѓаните да гласаат за СДСМ

home Познати

Објавена потрага за гитарата на Пол Макартни исчезната пред 50 години

Објавена потрага за гитарата на Пол Макартни исчезната пред 50 години

Баварскиот производител на инструменти „Карл Хофнер“ покрена глобална потрага по инструментот на Пол Макартни, педесет години откако гитарата на познатиот музичар исчезна.

Леворакиот басист бас гитарата „хофнер 500/1“ ја купил во 1961 година во продавница во Хамбург и на неа свирел повеќе од две години, вклучително и на првите два албуми на „Битлс“.

-Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години, сега е време да ја пронајдеме, изјавиле од компанијата.

Најнови вести

Локални избори 2021