петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Познати

Обама маскиран во Дедо Мраз делеше подароци на болни деца (ВИДЕО)

Обама маскиран во Дедо Мраз делеше подароци на болни деца (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Барак Обама, маскиран како Дедо Мраз, им делеше подароци на болните деца во болница во Вашингтон.

Посетата беше изненадувачка за децата, кои се лекуваат во Детската Национална педијатриска клиника. Обама делеше подароци и се смееше со нив, а децата беа многу возбудени.

„Само сакам да им се заблагодарам на сите, имав можност да разговарам со неверојатни деца и нивните семејства”, рече Обама во видеото објавено на Твитер. Тој им честиташе на лекарите и медицинските сестри, кои се грижат за децата во болницата.

Коронавирус